Три часа разговори: Заврши лидерската средба во Клубот на пратеници, еве за што се дебатираше!

News

По речиси три часа дебата, во Клубот на пратениците заврши лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски. На средбата присуствуваа речиси сите релевантни политички лидери, вклучувајќи го Али Ахмети од ДУИ и Димитар Апасиев од Левица, но претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не се појави, со што најголемата опозициска партија остана надвор од разговорите за клучните реформи.

На масата беа дискутирани:

  • Укинување на техничката (Пржинска) влада;

  • Реформските закони во правосудството;

  • Изборот на нов народен правобранител;

  • Измени во Изборниот законик.

Мицкоски повика на национален консензус пред неговото заминување во Давос, додека Филипче претходно порача дека техничката влада мора да остане како гарант за фер избори, обвинувајќи го премиерот дека бара „алиби“ за предвремени избори.

По завршувањето на средбата, се очекуваат изјави од учесниците кои ќе откријат дали е постигнат некаков напредок без учество на СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *