На прославата за Рамковниот договор пејачи ќе заработат по 10.000 евра!

news
Advertisement

Прославата по повод 21 година Рамковен договор ќе чини околу 100 илјади евра народни пари.

Advertisement

Нејзин организарот е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, додека пак компанијата која го доби овој тендер за организација е Арберија Дизајн од Тетово.Радио Слободна Европа пишува дека според нивните податоци од тендерите дневно ќе се трошат по илјадници евра, а еве и за што:

1.200 евра дневно за хотелско сместување, 50 лица
50 евра кетеринг по лице
40 евра за хотелски услуги по лице
10 евра за кафе и безалкохолни пијалоци по лице
65 евра храна од мени по лице
50 евра дневница за домаќините
10.000 евра за странски пејачи
7.350 евра за домашни пејачи
700 евра за водители на концертот
1.000 евра за преведувачи
5.600 евра за креаторот на јубилејната песна
1.300 евра за експерти во училиштето „Peace Forum Dialogue”
Домаќините на настанот ќе заработат дневница од по 50 евра, домашните пејачите и музичари ќе земат по 7.350 евра, додека пак тие од странство по 10.000 евра.Водителите ќе чинат по 700 евра народни пари, додека пак за преведувачите ќе се дадат околу 1 илјада евра.

Средства ќе бидат издвоени и за опрема, озвучување, осветлување, снимање и фотографирање на настанот, додека пак за поетските стихови и музиката на песната за годишнината од Охридскиот договор се издвоени дури 5.600 евра.
Инаку, според информации на порталот основната дејност на фирмата-организатор е печатење книги, вклучително и сведителства за училиштата, но таа е и меѓу главните финансиски донатори на ДУИ.

Според информациите на порталот, во последните четири години фирмата добила 61 тендер во вредност од 4 милиони евра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.