Пукал во својот вујко, во соседите, во деца: Ова се жртвите во Цетиње

news
Advertisement

Според официјалните податоци, Бориловиќ околу 15 часот и 30 минути влегол во станот на своите станари и на врата го убил единаесетгодишниот М., потоа неговиот три години помлад брат, а потоа преку прозорецот ја застрелал нивната мајка – Наташа Пајовиќ Мартиновиќ.

Откако ги убил, му се јавил на Милош Мартиновиќ, таткото на децата и сопруг на Наташа Пајовиќ Мартиновиќ и му рекол: „Го убив твоето и моето семејство“, велат соговорници на Вијести.ме од Управата на полицијата.

Во следните 45 минути, во вкупно 80 метри од својата куќа сеел смрт, при што убил уште седум лица, а ранил шест.

Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ влегол во куќата на соседот каде ги убил постарите сограѓани Данијела и Димитрије Дрекун и тешко го ранил нивниот внук Александар Дрекун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрекун (56), кој дотрчал до куќата кога слушнал пукање, пишува Вијести.ме.

Бориловиќ го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и својот вујко Горан Ѓуришиќ (54), а потоа одејќи по улицата ги убил соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51).

Advertisement

На Вијести им е речено дека Бориловиќ, опашан со два шаржера куршуми и со пушка во раката, отишол кон куќата на својот сосед И.Ј. и го повикал да излезе надвор.

Тој ранил уште четворица соседи – Славица Звичер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидел да го совлада. Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројца од ранетите се оперирани и сместени на Одделот за интензивна нега.

Директорот на Полициската управа (УП), Зоран Брѓанин, доцна синоќа соопшти дека Бориловиќ, според засега познатите околности, околу 15 часот и 30 минути ги убил првите жртви – Мартиновиќ.

„Засега не е јасно што го натерало В.Б. да изврши вакво грозоморно дело, по што и самиот го загуби животот. Потенцирам дека сè уште се утврдуваат околностите на целиот настан, вклучително и одземањето на животот на В.Б. , а јавноста ќе биде информирана за сите детали преку медиумите. Исто така, сакам да изразам надеж дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваква трагедија во Црна Гора“, рече Брѓанин, додавајќи дека сочувствува со семејствата на жртвите и се надева дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.