Ексклузивно видео: Вооружена група со експлозив крена во воздух банкомат во трговскиот „Поинт ретаил парк“ (ВИДЕО)

news
Advertisement

Вооружена група рано утрово нападнала трговски центар во скопската населба Топанско Поле и со експлозив кренала во воздух банкомати.

Advertisement

Станува збор за „Поинт ретаил парк“, а полицијата поради тоа го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско косовска бригада.

„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект“, соопштија од МВР.
Неколку лица со закана со оружје прво го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

https://fb.watch/hgdB9Vg3JZ/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.