Вчера во утринските часови, 45-годишниот П.Б. од Скопје бил пронајден починат во неговиот дом во општина Ѓорче Петров, соопшти МВР.
Случајот бил пријавен во 08:37 часот во СВР Скопје, а на местото интервенирал лекар кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е однесено за обдукција, додека увид извршила увидна екипа на СВР Скопје со цел да се утврдат околностите под кои дошло до смртта.
Засега нема официјални информации за причините, а резултатите од обдукцијата ќе дадат повеќе податоци за настанот.