На 28.11.2025 година околу 23:15 часот во Кичево, на ул. „Рудничка“, патничко возило „Хјундаи“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (50), удрило во пешакот Б.А. (37), двајцата од Кичево.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево.
На местото на несреќата интервенирала увидна екипа од ОВР Кичево, која извршила увид и ги документирала околностите на инцидентот.