Нов тест на крвта би можел да предвиди болести до 10 години однапред

News

Британски истражувачи развија тест за крв кој може да открие рани знаци на болеста повеќе од една деценија пред да се појават симптомите со помош на игла.

Тестот користи детални молекуларни профили на крвта за да го предвиди ризикот од болести како што се дијабетес, срцеви заболувања, рак и деменција , пишува „Гардијан“.

Студијата е дел од проектот „Британска биобанка“, во кој се анализирани речиси 250 различни протеини, шеќери, масти и други молекули во крвта на половина милион волонтери.

Со комбинирање на тие податоци со медицински картони и регистри на смртни случаи, научниците можат да добијат попрецизна слика за физиологијата на една личност и да препознаат рани знаци на болест.

Доктор Џој Едвардс-Хикс од Универзитетот во Единбург истакнува дека овие тестови ќе овозможат превенција на болести пред да се појават симптомите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *