77 годишен пациент нападнал вработен во болница со нож

news
Advertisement

Ножевите и пиштолите оставете ги дома кога одите да барате лекарска помош. Независниот синдикат на здравствени работници, експресно и остро реагира откако во ГОБ „8-ми Септември“ пациент со нож повреди работник. Белите мантили бараат поголема одговорност од Директорите на болниците, преку засилување на физичкото и мониторинг обезбедување, со цел да ја зголемат безбедноста на здравствените работници за време на работата во болниците.

Advertisement

Граѓаните да ги остават ножевите и пиштолите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат невооружен и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми. Директорите на јавните здравствени установи преку физичкото и мониторинг обезбедување да ја зголемат безбедноста на здравствените работници за време на работата во здравствените институции, вели за Алфа Кристина Олевска, Претседател на Независниот синдикат на здравствени работници за „ГОБ 8 Септември“.
Здравствените работници велат дека системот е нефункционален и државата да покаже поголема сериознсот ако сака функционални институции.

Се огласи и директорот на ГОБ 8 Септември доктор Христијан Костов. Според него, станува збор за пациент со ментално растројство што не е предвидливо. Причините за сега се непознати.

Инаку, синоќа во Градската општа болница „8 Септември“ беше повреден вработен во болницата откако со нож пациент го прободел лекар. Од полицијата рекоа дека 36 годишниот вработен бил прободен од агресивен пациент од Скоје на возраст од 77 години. Напаѓачот буквално дивеел во болницата.

Сличен инцидент беше пријавен и во септември лани, кога млад пациент во градската болница „Св. Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер.

ИЗВОР. https://alfa.mk/77-godishen-paczient-napadnal-vraboten-vo-bolnicza-so-nozh/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=77-godishen-paczient-napadnal-vraboten-vo-bolnicza-so-nozh

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.