Малолетен тинејџер од скопско Кондово, вчера вечер бил претепан од четири лица кај Бит Пазар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска (29.11.2025) околу 02.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди е донесен 16-годишен малолетник од село Кондово, скопско.
Според пријавеното на 28.11.2025 околу 20:50 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од четири лица кои биле со возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.