Херојот од Сиднеј: Од продавач на овошје до милионер по храбриот чин. Еве колку пари се собраа за него

News

Херојот од Сиднеј: Од продавач на овошје до милионер по храбриот чин

Ахмед ал Ахмед, херојот од плажата Бонди кој со гола рака се спротивстави на терорист за време на крвавиот напад во Сиднеј, стана милионер благодарение на поддршката од јавноста. Додека се лекува во болница од тешките повреди, за него се собрани над 2,5 милиони австралиски долари во донации.

Ал Ахмед, кој до неодамна работел како продавач на овошје, во неделата храбро скокнал од зад автомобил и физички се соочил со напаѓачот Саџид Акрам (50), успевајќи да го разоружа. За време на интервенцијата бил застрелан неколку пати, а лекарите стравуваат дека може да ја изгуби раката.

Во терористичкиот напад на плажата Бонди животот го загубија најмалку 16 лица, а десетици беа повредени. Австралиските власти сметаат дека бројот на жртви ќе бил значително поголем доколку не било херојското дејствување на Ахмед.

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, го осуди нападот и најави засилена борба против тероризмот. Тој лично го посети Ахмед во болница, опишувајќи го како „најдоброто нешто што Австралија може да го понуди“.

Донациите и понатаму пристигнуваат од граѓани од целиот свет, како израз на благодарност за неговата извонредна храброст, човечност и несебична жртва.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *