9 лица се уапсени на граничниот премин Табановце – командирот, заменик командирот на смена и 6 полициски службеници

news
Advertisement

Девет лица се уапсени во полициската операција на граничниот премин Табановце, меѓу нив командирот, заменик командирот на смена и 6 полициски службеници.

Advertisement

Ова е исходот од синоќешната голема акција на МВР во соработка со обвинителството за организиран криминал и корупција која се спроведуваше на овој граничен премин.

Припадниците на МВР претрес вршеле и на работните места но и во нивните домови под сомнеж дека вршеле злоупотреба на службената должност како и дека примале поткуп.

За време на вчерашните претреси била пронајдена и картонска кутија во која имало поголема сума во различни банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири.

Акцијата предизвика повеќечасовен застој на преминот и незадоволство на граѓаните кои со часови чекаа да влезат во Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.