„Лажев дека сум болна од рак – но сега имам милиони следбеници“

News

„Лажев дека сум болна од рак – не беше за лајкови и популарност, но сега имам милиони следбеници“

Инфлуенсерка од Англија со над 3 милиони следбеници на ТикТок се соочува со oстри критики откако се дозна дека пред неколку години, лажела дека има рак во трети стадиум. Ова однекаде ѝ помогнало да се прослави, но досега успешно ги криела трагите од нејзината голема измама. Многу луѓе сонуваат да станат инфлуенсери, а има луѓе кои се подготвени да одат до крајности за да се прослават.


Некои прават опасни предизвици, некои се задолжуваат за да позираат на егзотични дестинации и скапи аутфити, а постојат и такви кои лажат дека имаат смртоносна болест.
Во последната категорија спаѓа Британи Милер, една од најпознатите инфлуенсерки во Англија.
29-годишната Британи е мајка на близнаци, па нејзиниот профил е со фокус на семејниот живот.


Има над половина милион следбеници на Инстаграм, како и 3,5 милиони следбеници на ТикТок со кои редовно споделува фотки од нејзиното навидум совршено секојдневие.
Но, британскиот The Sun објави колумна со која докажува дека Британи се прославила лажејќи ги следбениците дека има рак на желудникот во четврти стадиум.
Притоа, таа не ги лажела само следбениците, туку и нејзините блиски кои почнале да собираат и донации за лекување.

Тврдењата на магазинот ги потврди и самата Британи, која неодамна реши да се огласи за големата лага.
Британи почнала да се прославува во 2017 година, кога почнала да лаже и за нејзината дијагноза.
Но, како што ѝ се зголемувал бројот на следбеници, сè поретко зборувала за наводната болест, за на крај целосно да престане да ја спомнува.
Денес на нејзиниот профил нема никаков доказ дека Британи некогаш имала рак.
Вистината излегла на виделина во 2020 година, кога Британи почнала соработка со добротворна организација за заболени од рак на дојка.
Тогаш, нејзината поранешна пријателка решила да се огласи и открива дека Британи лажела за дијагнозата.
Според пријателката, Британи самата ја почнала кампањата за донации и ги молела блиските да ја споделуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *