13 – годишно девојче уапсено за убиство на жена во…

News

Тринаесетгодишна девојка е уапсена под сомнение за убиство на жена во нејзините 50-ти години во Свиндон, Англија.

Според Скај њуз, полицијата била повикана во куќата во петокот вечерта по пријава, и на адресата пронашле жена без знаци на живот.

Нејзината смрт била потврдена на местото на настанот.

Инспектор од тимот за истрага на сериозни кривични дела на полицијата во Вилтшир изјавил: „Ова е сериозен инцидент во кој за жал починала жена“.

Тој додал дека осомничениот тинејџер е во притвор и дека полицијата не бара други лица.

„Ја опколивме адресата додека се спроведува истрагата“, рече Амброуз.

„Можам да потврдам дека уапсивме тинејџерка во врска со овој инцидент и не бараме никого друг“ – порача инспекторот.

Не се пријавени други повредени во инцидентот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *