Оваа мајка на ТикТок го сподели својот генијален трик кој ќе ви помогне подобро да ги разберете знаците на вашето бебе и да сфатите кога е гладно, дури и пред тоа да почне да плаче.
Таа вели дека бебињата обично ги стискаат дланките кога се гладни, а полека започнуваат да ги опуштаат кога стануваат сити.
„Сите бебиња се различни и можат да покажуваат различни знаци. Ова го прави моето бебе, а го прават и повеќето други, тоа е нивниот природен инстинкт и се надевам дека овој совет ќе ви помогне“, напиша мајката.
@thehawkinsfamily Follow for more tips and examples! ☺️ #newborn #2monthsold #baby #momlife #newborntips #babytips #babytipsandtrick #newmom #newmomtips #babycues #babycue #newbornbaby #motherhood #cutebaby
Како доказ за тоа постави видео на кое се гледа како го храни своето малечко девојченце. Нејзиното бебе на почетокот ги држеше неговите дланки стиснати, но како започна да се храни, така полека започна и да ги опушта дланките, за на крајот да покаже дека е целосно сито.
Според експертите, ова однесување на бебето е апсолутно нормално и може многу да ви помогне во откривањето на неговите чувства. Разбирањето на знаците кои вашето бебе ви ги покажува многу ќе ви го олесни одгледувањето, па така и вие и вашето бебе ќе бидете позадоволни.