Стабилното и тивко време во земјава ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, а ќе има и зголемена облачност, информираат од УХМР.
Според најавите, од вторник навечер следува промена на временските услови. Се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.
Метеоролозите предупредуваат дека со промената на времето ќе има и намалена видливост поради магла, особено во утринските и вечерните часови, па се препорачува зголемена внимателност во сообраќајот.
Во текот на следната недела се очекува постепено заладување, со услови за појава на снег најпрво на планинските предели, а во наредните денови можно е снежните врнежи да се прошират и кон повисоките населени места во земјава.