Трагична сообраќајна несреќа во Србија, загинаа две лица од Македонија

News

Две лица, државјани на Република Македонија, ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш во Србија. Според информациите од српските медиуми, возилото во кое патувале излетало од патот. Несреќата се случила во близина на излезот Умчари.

Според српските медиуми, автомобилот „Сеат“ со германски регистарски таблички изгубил контрола и излетал од патот. Се известува дека од удрениот автомобил биле извадени телата на маж и жена, за кои е потврдено дека се македонски државјани.

Според извештаите, во возилото имало и уште едно лице, патник, кој го преживеал судирот, но се здобил со тешки повреди и итно е однесен во болница на лекарска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *