На северозападот на Италија, во регионот Пијемонт, се случи несреќа на жичарница при што четири лица се здобија со повреди, а околу 100 патници беа евакуирани со хеликоптер. Несреќата се случи кога две кабини удрија во станиците близу селото Мацуњага.
Во горната кабина имало тројца патници, а повреден бил и операторот на станицата. Шест лица побарале лекарска помош, но, според локалните власти, никој не е во животна опасност.
Причината, според директорот на жичарницата, Филипо Бесоци, е тоа што една од кабините не успеала да забави како што е предвидено и удрила во оградата на станицата. Скијачките патеки во околината беа привремено затворени, а службите продолжуваат со спасувачките операции и истрага за настанот.