Ѓорѓиевски: Скопје e подготвено – снегoт не може да нè изненади!

News

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градот е целосно подготвен за зимските услови и дека снегот не може да ги изненади градските служби.

„Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен и будно ја следат состојбата на сите сообраќајници“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека се обезбедени доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Истовремено, кризниот штаб функционира 24 часа дневно, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење низ градот.

Градоначалникот упати апел до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови.

„Заедно, одговорно и подготвено“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *