Дали ќе се укине Мој ДДВ – ќе има ли исплата во февруари? УЈП со одговор!

News

Управата за јавни приходи (УЈП) демантираше дека мерката „Мој ДДВ“ ќе се укинува и потврди дека таа ќе продолжи да се спроведува и во 2026 година.

Од УЈП велат дека нема донесена одлука за укинување на „Мој ДДВ“, дека мерката се применува континуирано и дека граѓаните и натаму можат да ја користат апликацијата за поврат на данокот согласно законските правила. Средства за спроведување на мерката се обезбедени и во Буџетот за 2026 година, што гарантира непречена имплементација.

Во 2025 година преку „Мој ДДВ“ на граѓаните им се исплатени вкупно околу 3,47 милијарди денари (56,4 милиони евра). Налозите за исплата на средства за скенирани сметки од четвртиот квартал на 2025 година веќе се подготвуваат и нивната реализација е предвидена за февруари 2026 година.

УЈП апелира до граѓаните да ги следат само официјалните информации и соопштенија на институцијата и најавува дека тековните технички подобрувања на системот може привремено да предизвикаат забавување при најавување или при вчитување на фискалните податоци, но дека апликацијата „Мој ДДВ“ останува во функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *