Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави нова блокада во Скопје како реакција на, како што велат, долгогодишното загадување и немањето институционален одговор. Протестот ќе се одржи во среда, на 21 јануари, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, во правец кон Усје.

Од иницијативата порачуваат дека воздухот не може сам да се исчисти и дека граѓанскиот притисок е единствениот начин да се натераат надлежните да преземат конкретни мерки.
Блокадата е продолжение на минатогодишните протести насочени кон работењето на Цементарница Усје, која граѓаните ја посочуваат како еден од главните загадувачи. Целта, велат, е јасна – заштита на здравјето и квалитетот на живот во главниот град.