Advertisement
Незадоволни пензионери од Тиквешко и денеска протестираа на градските плоштади во Кавадарци и Неготино, повторувајќи ги барањата за подостиинствен пензионерски живот.
Advertisement
Разочараните пензионери повторно ги истакнаа апелите за линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари.
– Протестите ги правиме за да ја подигнеме свеста кон нашите проблеми. Бараме подобар животен стандард за подобри пензионерски денови, рече Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор во Кавадарци.
Револтираните пензионери во одредени денови протестираат во двата града, а исто така и блокираат улици. Се со цел, како што нагласија, да се изнајде решение за нивните проблеми. Рекоа дека нема да отстапат од барањата.
Advertisement