Advertisement
Силен земјотрес во Грција, потреси се чувствуваат и во околните држави.
Advertisement
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе Теспротина во петокот вечерта околу 23:52 часот.
Епицентарот на земјотресот бил на 5 километри северно од Лептокарија, а фокусната длабочина е проценета на 42 километри, соопшти Геодинамичкиот институт, пренесува Ора вести.
Потресите се почувствувани во Парамитија, Игуменица, Филијат и Јанина, но и во Кониспол и Албанија.
Засега нема информации за штети или повредени.
Advertisement