Advertisement
Почина еден од повредените во пукањто пред Клиничкиот центар во Тетово, јавува локалната телевизија „Коха“. Според медиумот станува збор за 41-годишен жител на тетовското село Гајре. Уште по пукањето, беше познато дека едно лице е во тешка состојба и дека се бори за живот.
Advertisement
Пукањето се случи пред девет дена. Две лица добија притвор, а по 48 часа, беа ослободени. Тетовците кои завршија зад решетки се само двајца од четворицата осомничени во случајот со пукањето. Засега државните органи соопштија дека причината се нерасчистени фамилијарни односи.
Извор. https://skopje1.mk/archives/275572
Advertisement