На Никола Васев и на Нехат Нухи им ги одзедоа пасошите и им забранија да го напуштат живеалиштето

news
Advertisement

Кривичниот суд денеска ги прифати мерките за претпазливост за поранешните двајца директори на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев и Нехат Нухи кои ги предложи Обвинителството поради тоа што ги сомничи двајцата за злоупотреба на службената положба и за измама во службата. За скандалот Онкологија Обвинителството денеска информираше детално.

Advertisement

Со одлука на Кривичниот суд на доктор Никола Васев му се забранува да оди на работа односно му се определува оддалечување од работното место, му се забранува да го напушта живеалиштето, му се одзема пасошот и му се наложува да се јавува во судот.

На поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи му се определуваат истите мерки како на Васев, па и тој не смее да се појавува на Онкологија, да го напушта живеалиштето и му се одзема пасошот.

И двајцата имаат право на жалба во рок од три дена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *