Незапамтен злочин утрово го потресе Балканот: 31 годишна девојка убиена со чекан од нејзината мајка кај Тузла

Незапамтен злочин утрово го потресе Балканот: 31 годишна девојка убиена со чекан од нејзината мајка кај Тузла

news
Advertisement

Advertisement

Незаборавно злосторство се случи во Босна и Херцеговина, пренесуваат локалните медиуми. 64-годишен маж утринава околу 1 часот и 15 минути во полициската станица ПС Центар пријавил дека во семејниот дом во Тузла го пронашол безживотното тело на 31-годишната ќерка Ф.М. Полицијата излегла на лице место и ги потврдила наводите од пријавата, за што веднаш било известено Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон, извести МУП ТК, пренесе „Аваз“. „Во текот на истрагата е констатирано дека жената имала повреда во задниот дел на главата. Денеска ќе биде наредена обдукција за да се утврди точната причина за смртта“, изјави Адмир Арнаутовиќ, портпарол на Обвинителството ТК. Според последните информации, како што пренесуваат тамошните медиуми, станува збор за кривично дело, кое според првите индиции најверојатно го извршила мајката на 31-годишна девојка. На лице место истражителите пронашле две проштални писма, како и предметот со кој, сметаат истражителите, е извршено делото. Очигледно се работи за чекан. Мајката не е пронајдена Мајката не била пронајдена во куќата во која живеела со ќерката, а од утринава трае полициската потрага по неа. Сите достапни единици се на оваа локација – Тушње. Девојката што беше убиена, објавуваат тамошните медиуми, била тешко болна.

Advertisement