Повозрасен маж претпладнево беше прегазен од автобус на ЈСП. Несреќата се случила кај Транспортен Центар. На самото место камерата на Канал 5 забележа зголемено присуство на полицијата, и сообраќајот одредено време кон Транспортниот Центар беше забранет. Несреќата се случила во близина на паркинг места наменето за автобусите. Како што соопштија од МВР, настанот се случил 15-тина минути пред пладне. -Денеска околу 11.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, кај Транспортен центар, автобус на ЈСП удрил во машко лице на возраст од околу 60 години. Лицето со возило на Итна помош е пренесено во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. – МВР. Од Клиниката за трауматологија велат дека човекот бил донесен со тешки повреди на повеќе делови од телото и лекарите се уште се борат за неговиот живот. -Екипите се борат за неговиот живот.– Марија Срцева – Тоарилуц. Од МВР информираат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Страшна несреќа утрово во Скопје: Автобус на ЈСП прегази човек – лекарите се борат да го спасат неговиот живот
Advertisement
Advertisement
Advertisement