ФОТО: Аеродромот во Тирана на прво место во Европа.
Неколку години по ред бројот на патници кои ја користат услугата на меѓународниот аеродром во Тирана постојано се зголемува. Ова го потврдуваат последните податоци објавени од Меѓународниот совет на аеродроми. Податоците од овој графикон покажуваат дека за периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од 2019 година, бројот на патници кои го користеле аеродромот во Тирана е зголемен за 259,4 отсто, пишува премиерот Еди Рама на Фејсбук.
Лани биле регистрирани 7,5 милиони патници, додека годинава се очекува бројка поголема од 10 милиони. Како што вели Рама, само во јули имало над 1,2 милиони патници.
Услугите на овој аеродром, од каде во моментов може да се патува на повеќе од 100 дестинации, ги користат се поголем број граѓани на Македонија, Косово и Црна Гора.
Според рангирањето на Меѓународниот совет на аеродроми, Тирана зад себе ги остава не само земјите од регионот со консолидиран туризам, туку и многу земји од Европа.
Хрватска забележа пораст од само 18,2 отсто, Италија 14,7 отсто, Северна Македонија 19,6 отсто и Србија 32 отсто. Црна Гора претрпе намалување од 12,5 отсто на бројот на патници кои минуваат низ аеродромот во Подгорица, додека Косово бележи значителен пораст од 71,2 отсто.
Како што може да се забележи на листата, меѓу нај слабите е Скопскиот Аеродром, кој иако има позитивен резултат во последната година, сепак котира многу ниско. /monitor.mk