Taжна вест: Почина Енвер Сулејмани, еден од најистакантите спортски работници во Македонија

news
Advertisement

Mакедонскиот фудбал денес остана без еден од најистакната спортски работници, Енвер Сулејмани кој денеска ненадејно почина во Тетово.

Advertisement

Сулејмани беше еден од луѓето кои ја започнаа изградбата на тетовска Шкендија каква што ја познаваме денес, а потоа долго време беше дел и од Ренова во времето кога овој клуб ги имаше најголемите успеси.

Во последниот перод работеше во Воска Спорт од Охрид како генерален директор, а еден период помина и во Фудбалската Федерација на Македонија како заменик генерален секретар.

Смртта на Сулејмани ја потврди Воска која и изрази сочувство до неговото семејство и блиските.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *