Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп против Д.К., вработен како главен благајник во ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, поради основано сомнение за „проневера во службата“.
Според пријавата, во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021, осомничениот во повеќе наврати дел од наплатените пари од шалтерите (партиципации и приватни здравствени услуги платени од пациенти) не ги уплаќал на сметката на болницата, туку ги присвојувал за себе.
Од Финансиската полиција информираат дека биле присвоени:
6.568.726 денари во 2020 година
8.494.558 денари во 2021 година
Вкупната штета изнесува 15.063.284 денари (околу 250.000 евра).
По насоки на ОЈО Прилеп, лицето било лишено од слобода во утринските часови и било изведено пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.