ВОНРЕДНИ МЕРКИ ВО СКОПЈЕ: Еве кои СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД РАБОТА…

News

По Кичево и Струмица, од денес итните мерки против аерозагадувањето стапуваат на сила и во Скопје. Мерните станици покажаа надминување на дозволените вредности во повеќе скопски општини, а маглата дополнително ја влошува состојбата. Загадување е регистрирано и во други градови низ Македонија.

Министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето, со посебен фокус на ранливите категории.

Ослободување од работа – кои категории?

Работодавците се задолжени да ги ослободат од работни обврски:

  • бремени жени

  • лица постари од 60 години

  • лица со хронична астма и лица што прележале миокарден инфаркт или мозочен удар (без разлика на возраста)

 

 

Апел од пулмолозите

Лекарите советуваат граѓаните да не излегуваат надвор ако нема итна потреба, особено рано наутро и доцна навечер, кога концентрациите се највисоки. Ако мора да се излегува, препорачуваат користење јавен превоз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *