Вработените во УЈП на протест побараа покачување на платите за 30 отсто

news
Advertisement

Вработените на Управата за јавни приходи во Скопје, Тетово и другите регионалните канцеларии излегоа на предупредувачки протест со барање за покачување на платите за 30 проценти.

Advertisement

Агрон Емини од Синдикална организација на УЈП Регионална дирекција-Тетово рече дека поднеле барање за покачување на платите, но, сега сакаат незадоволството да го изразат на протест, односно со прекин на нивните работни обврски.

„Протестот е организиран на ниво на цела Македонија, над 1090 вработени има и повеќе од половина сме членови на синдикатот и затоа раководството на нашиот синдикатот одлучи да има протест. Лани пред да се планира буџетот имавме доставено и барање до Министерот за финансии и до работодавачот за покачување на платите од 30 отсто и тоа барање е базирано врз основа на податоци статистички за покачување на потрошувачката кошничка и други параметри, кои се основ синдикатот ова да го бара, а сето ова исто така го предвидува и колективниот договор“, рече Емини.

Вработените велат дека се надеваат на позитивен исход, а во спротивно најавија дека ќе преземат порадикални чекори.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *