Д-р Нино Васев во Кривичен на судење за несовесно работење за пациент кој починал откако три месеци не му бил пропишуван лек за малиген меланом

news
Advertisement

Поранешниот директорот на Онкологија Нино Васев пред кривичниот суд ги одмина медиумите кои имаа низа прашања поврзни со кражбите на лекови и сериозните обвинувања за начинот на лекување на пацинети на клиниката. Тој се појави на судењето против него за несовесно работење во службата . На пациент со малиген меланом три месеци не му била препишувана терапија на клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба, објави Телма.

Advertisement

Екс директорот на клиниката за Онкологија Нино Васев не одговори на новинарските прашања за скандалот со злоупотребата на лекови за болните од канцер кој ги крена на нозе граѓаните. Медиумите објавија дека освен во клиниката и во неговиот дом викендов истражните органи извршиле претрес, Васев денеска влезе во Kривичниот суд како обвинет но во друг предмет кој се води против него од 2021 година. Одговара за несовесно работење во службата а до него на обивнителна клупа седат уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *