Advertisement
На 19.10.2023 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(19) од Скопје и, во присуство на родител, извршиле службен разговор со малолетник од Скопје.
Advertisement
Тие се сомничат дека на 18.10.2023 околу 15.00 часот пред средно училиште на подрачјето на Чаир физички нападнале друг малолетник од Скопје, при што С.Б. со остар предмет му нанел повреди.
С.Б. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Advertisement