Младата македонската пејачка Антониа Гиговска и овој пат покажа дека е подготвена да експериментира со нејзиниот изглед, а тоа е така затоа што целосната доверба ја има во нејзиниот стилист Даниел Николовски.
Со нејзиниот последен видеозапис за песната „Жена“, Антониа направи револуција што се однесува до нејзиниот стајлиг. Младата и атрактивна пејачка продолжува во тој правец и за нејзиниот најнов проект.
Имено, пејачката се огласи од Египет каде три дена го снимаше најновиот спот за нејзината нова песна. Антониа и екипата одбраа пустинска локација за новото музичко парче. Пејачката на патувањето во Египет замина со нејзиниот близок пријател и стилист Даниел Николовски, режисерот Даниел Николовски и фотографот Антонио Станковски.
На новото видео Антониа ќе ја покаже нејзината долга руса коса, а златните раце на Даниел со помош на шминка направиле да се долови специфичниот албино изглед.
Фото: Инстаграм
РЖМ