Една од најпознатите турски актерки која ја паметиме по улогата на Шехерезада, го прославила својот роденден, а деталите од прославата ги споделила со јавноста. Бергузар Корел, актерка која ја прослави улогата на Шехерезада, го одбележала својот роденден, а поради тоа што приватниот живот на актерката отсекогаш бил интригантен, деталите од прославата брзо привлекле внимание.
Бергузар е во среќен брак 12 години, со постариот колега Халит Ергенч, на домашната сцена познат по улогата на Онур, но и Сулејман Величествениот.
Актерката објавила неколку фотографии од семејната прослава на нејзиниот 40-ти роденден и за кратко време собрала многу допаѓања и коментари.
„Кога се запознавме, Халит беше 7, а јас 18 години помлада од моите сегашни години. Колку години мислите дека имам?“, напишала Бергузар под објавата.Да ве потсетиме, тие двајца соработувале и во серијата Ранета љубов, а кога ја започнале романсата Халит веќе бил во брак со актерката Гизем.
По разводот од поранешната сопруга тој ѝ исплатил околу 250 илјади турски лири, а таа го абортирала нивното заедничко дете.