Осуден Ламбе Алабаковски. Еве каква казна доби

news
Advertisement

Алабаковски, кој уште за време на истрагата покрената од ОЈО Битола призна вина за палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола е осуден на алтернативна условна осуда со казна затвор од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело
Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски доби условна казна од шест месеци, откако во јуни годинава го подметна пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Advertisement

Алабаковски, кој уште за време на истрагата покрената од ОЈО Битола призна вина за делото, е осуден на алтернативна условна осуда со казна затвор од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

Тој се согласил на ваквата казна, а како што јави „Нова Македонија“, по пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

Инцидентот во кој беше запален влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола се случи на 4 јуни оваа година. По три дена, на 7 јуни, Министерството за внатрешни работи соопшти дека сторителот на делото е притворен и дека ја признал вината, по што се дозна оти сторителот на делото е познатиот македонски поп-пејач Ламбе Алабаковски.

По инцидентот, Основното јавно обвинителство Битола отвори постапка против пејачот, по што му беше изречен осумдневен притвор. По завршувањето на притворот, пејачот беше пуштен на слобода.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.