Advertisement
Пет паркирани автомобили изгореле синоќа во голем пожар во скопската населба Чаир, соопшти МВР.
„На 27.09.2022 во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во пет патнички возила, од кои четири паркирани на ул.„Ѓоце Стојчевски” и едно паркирано на улицата „Лазо Москов”, и тоа: „Фолксваген Голф”, „Рено Меган”, „Рено Твинго”, „Ауди”, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Мерцедес” со британска национална ознака“, се вели во соопштението.
Advertisement
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени нема. На местото бил извршен увид, додаваат од полицијата.
Advertisement