Advertisement
Претседателскиот кандидат Стево Пендароски ја започна својата кампања. Тој денеска престојуваше во Кривогаштани каде ја представи својата програма за следниот мандат.
Advertisement
“Пред жителите на Кривогаштани, во срцето на пелагониската котлина, денеска ја претставив мојата визија за обединето и европско општество во наредните пет години.
Никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши, сите сте мои сограѓани.
Во првиот мандат бев претседател за сите и на сите граѓани. Во вториот мандат ќе бидам повторно претседател кој не дели, туку обединува.
На 24 април, ве повикувам да гласате за бр. 1 – за претседател за сите” напиша Пендаровски
Advertisement