РЕКИ ОД НАРОД: Погледнете колку луѓе излегоа на протестот во Нови Сад (СНИМКА ОД ДРОН)

РЕКИ ОД НАРОД: Погледнете колку луѓе излегоа на протестот во Нови Сад (СНИМКА ОД ДРОН)

news
Advertisement

Advertisement

Граѓанскиот протест поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад почна нешто по 18 часот со едноминутно молчење за сите загинати, објави „Бета“. Толпата извикуваше „Уапсете ја бандата“, „Банда, банда“ и „Оставка, оставка“. Пред импровизираната бина беше развиен транспарент на кој пишуваше „Вие сте виновни, ќе одговарате“, а учесниците носеа фотографии од загинатите. Организаторите бараат сите директно и индиректно одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември кога врз луѓе падна бетонска настрешница, а пред се премиерот Милош Вучевиќ да поднесат оставка. Студентите уште пред почетокот на протестот, оставиле црвени отпечатоци пред Кривичниот суд во Нови Сад и поставиле транспарент напишан со црвена боја „На робија, не оставка бандо“, и „И чевлите и рацете ви се крвави“ – објави телевизијата „Н1“.

Advertisement