Тага во Свети Николе: Згасна животот на 24 годишно момче

Тага во Свети Николе: Згасна животот на 24 годишно момче

news
Advertisement

Advertisement

На околу пет километри пред Тетово на автопатот кон Скопје синоќа во сообраќајна несреќа животот го загуби 24-годишник од Свети Николе. Несреќата била пријавена во СВР Тетово околу 20.30 часот. -Во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје возило „голф“ управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот. Возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Тетово, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово. По наредба од Јавен Обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Увид врши а екипа од СВР Тетово.

Advertisement