ХАОС: Огромни гужви попладнево во повеќе делови од Скопје

ХАОС: Огромни гужви попладнево во повеќе делови од Скопје

news
Advertisement

Advertisement

Огромни гужви има попладнево во повеќе делови од главниот град, а граѓаните се жалат дека се заглавени во своите автомобили повеќе од еден час, на рути за кои воглавно се потребни по 20 до 30 минути. Според информациите, голем метеж има кај Автокоманда поради сообраќајна незгода со неколку возила, поради што настанати се колони, а автомобилите едвај се движат и во реонот на Железара и Бутел, каде исто има информации за случена сообраќајна несреќа. Големи колони попладнево беа забележани и кај Влае. Засега нема информација за состојбата на учесниците во незгодите. Граѓаните се жалат на големи гужви и во реонот на скопски Аеродром, Ново Лисиче, Нерези.

Advertisement