(Видео) Арсовски: Уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат – власта не успеа предавството и неуспехот да го припишат на друг

news
Advertisement

Секој нов ден на чело со СДСМ и ДУИ на власт е нов неуспех на власта и на Република Македонија. Власта секојдневно се обидува да го покрие сопствениот неуспех и тоа им стана практика меѓутоа не им поминува. Во обид да го затскрие својот неуспех се обидува да ги обвини ЕУ за нивниот неуспех или пак ВМРО-ДПМНЕ за недоволна борба за она кое што тие го направија како предавство. Граѓаните се свесни и не им успеа ништо од тоа. И на крајот од денот граѓаните повторно се свесни каква катастрофална национална политика води СДСМ и оваа Влада, изјави на денешната пре-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Добивај вести на вибер
Тој додаде дека СДСМ и власта имаа две цели за покривање на својот неуспех, но ниту една од двете цели за перење на сопствениот неуспех и распродавање на националните интереси не им помина. Ниту првата цел да ја обвинат ЕУ за позицијата во која што во моментов се наоѓа Република Македонија на дипломатски план односно на европскиот пат, ниту пак втората цел преку својот полусвет кој што го контролира СДСМ да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека недоволно се борело.

Арсовски истакна дека СДСМ наспроти националниот неуспех, нарушувајќи ги позициите и државните интереси, руши негативни рекорди во регионот и на економски план. Убедливо Република Македонија има најнизок раст на БДП буквално во целиот регион, убедливо најнизок. Убедливо има најмалку странски инвестиции, а едно време бевме како држава и лидер во регионот по донесени странски директни инвестиции. Што уште еднаш покажува дека никој, ама баш никој ниту во државава, ниту од надвор, немаат доверба во оваа Влада, во овие луѓе кои што ја водат Владата и немаат доверба во целиот систем со кој што го има поставено оваа криминална власт.

СДСМ преку националното предавство се обидуваат да купат уште некој ден повеќе да бидат на власт, за да може да донаместат уште некој тендер или да доискрадат уште тоа што им останало. Најкорумпираната влада на СДСМ не може да биде поевропска од било која друга во Република Македонија во ниту еден случај.

Не смее повеќе разочарувања, не смее повеќе неуспеси и народот не смее повеќе да губи надеж. Доволно генерации пропаднаа заради владите на СДСМ,изјави Арсовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.