Advertisement
Информираме дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.
Advertisement
Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање.
Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.
До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници./kanal5.com.mk/
Advertisement