Ех, кога и ние би биле како морето и ветрот: Дани Димитровска ужива покрај море (ФОТО)

news

Нејзината појава скоро секогаш е пропратена со восхит. Едноставно зрачи, и со убавина и со стил. За Дани Димитровска времето како да застанало. Иако со различен имиџ, пејачката и денес изгледа одлично како на почетокот од кариерата, внимателна е со деталите, никогаш нема кај неа претерана голотија, а авангардниот – рок стил ѝ одговара совршено.

Advertisement

Овој пат сподели фотографии од својот летен одмор. Ужива покрај прекрасна плажа, а со фотографијата сподели и многу длабока мисла:

„… Времето за разговор помеѓу ветрот и морето е токму ова. Кога му завршува смената на сонцето и си заминува од сцена така галантно и грациозно како вистинска музичка дива која не очекува аплауз, ниту планира бис. Се одјавува без помпа со неосетно успорено темпо како татко што пробува да ја извлече својата рака од под заспаното бебе.

Тогаш и галамата си оди… тогаш се чисти просторот од запоседниците… Од шарените пешкири и ќесите ѓубре. И тогаш, при чист терен, ветрот господски се приклонува кон морето, радосни за претстојната заедничка долга ноќ.
Ветрот со својата снага е ритмичар и басист. Морето е мелодија. Заедно се непобедливи. Нескротливи. Свесни за заедничката сила и единството. Ех, кога и ние би биле како морето и ветрот…

“Смеам да поседам уште малку?” – прашав.
Келнерот кој уживаше во својата прва цигара после работа, ја избриша потта од вратот со маицата на него, зема дим и рече: “Ова е најубавиот саат и за нив и за нас…”
Кичмава што ми е стара 62 год, вратот само што ми наполни 75 и душава со своите 9 години не ми дадоа баш простор и време да извадам закључок од краткиот разговор.“

Претходно за Женски Магазин, пејачката откри дека со години живее во хармонија со својот партнер во заедништво:

– Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување. Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира./zenskimagazin.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.