Маж со прострелна рана барал помош во болница, па полицијата го уапсила

news

Во ОВР Кочани било пријавено околу 03.20 часот дека 48-годишниот Н.Б. од Кочани пристигнал со прострелна рана на дланката за која кажал дека е последица на самоповреда.

Advertisement

Како што информира МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на место викано „Наддабо“, во село Бели, кочанско, повредениот додека бил заедно со Д.С., испукал со пиштол.

Н.Б. е лишен од слобода поради сомнение за предизвикување општа опасност, како и недозволено изработување, држење и тргување со оружје, соопштија од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.