Advertisement
Во ОВР Кочани било пријавено околу 03.20 часот дека 48-годишниот Н.Б. од Кочани пристигнал со прострелна рана на дланката за која кажал дека е последица на самоповреда.
Advertisement
Како што информира МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на место викано „Наддабо“, во село Бели, кочанско, повредениот додека бил заедно со Д.С., испукал со пиштол.
Н.Б. е лишен од слобода поради сомнение за предизвикување општа опасност, како и недозволено изработување, држење и тргување со оружје, соопштија од МВР.
Advertisement