Албанската влада донесе одлука со која минималната плата од 1 јануари 2026 се зголемува на 50.000 леки (околу 510–515 евра), што е зголемување од околу 100 евра во однос на досегашното ниво.
Според министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај, од мерката корист ќе имаат околу 307.850 вработени од јавниот и приватниот сектор, а целта е заштита и подобрување на животниот стандард.
Владата очекува зголемувањето да помогне и во намалување на неформалната работа и поголемо почитување на договорите и правата на вработените.
Премиерот Еди Рама најави дека ова е прво, но не и последно зголемување во мандатот и дека целта е минималната плата да стигне до 700 евра.