Пет жени тепале 19 годишна девојка во Желино

News

Пет жени од Желино нападнале 19-годишна девојка, поднесена кривична пријава

Тетово – Тетовската полиција поднесе кривична пријава против пет жени од селото Желино, поради сомнение дека физички нападнале 19-годишна девојка, исто така жителка на истото село.

Според информациите од СВР Тетово, кривичната пријава е поднесена против П.А. (28), С.А. (30), Е.А. (23), Г.А. (44) и А.А. (19), сите од Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Инцидентот се случил на 26 септември 2025 година во Желино, кога по претходна вербална расправија, пријавените, според наводите, физички ја нападнале оштетената.

Од полицијата информираат дека случајот е целосно документиран и дека против осомничените е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *