Во Штип почина поранешниот пратеник и активист на СДСМ, Санде Џамбазовски.
За време на својата кариера, Џамбазовски извршуваше повеќе значајни функции: беше претседател на ОО СДСМ Штип, член на Комисијата за земјоделие при СДСМ, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, заменик министер за земјоделие, како и државен секретар во Министерството за земјоделие.
Неговата работа беше позната по посветеноста на јавниот интерес и развојот на земјоделството.
Погребот ќе се одржи во четврток, 15 јануари 2026 година, од 12:30 до 13:30 часот на Градските гробишта во Штип.
