




Здравствените власти во Кина го следат ширењето на новиот вирус кој е откриен кај неколку десетици луѓе.
Центрите за контрола на болести (ЦДЦ) во Тајван известија дека го набљудуваат хенипавирусот Лангја (LayV), кој првпат беше откриен кон крајот на 2018 година.
Досега, 35 лица во Кина биле позитивни во последните недели.
Случаите се пријавени од провинциите Шандонг и Хенан, кои се наоѓаат во североисточна Кина, пишува Newsweek.
Властите рекоа дека ќе развијат процедури за следење на вирусот Лангја и секвенционирање на неговиот геном, а вториот се очекува да биде готов во рок од една недела.
Ниту еден од 35-те заразени пациенти немал близок контакт еден со друг или била пронајдена заедничка точка на изложеност, што укажува на тоа дека ширењето на вирусот е спорадично.
Во моментов не е познато дали вистинското ширење на вирусот е преку пренос од животни, но кинеските власти повикаа на претпазливост.